Ибрахимовиќ ќе се врати во Милан?

Ибрахимовиќ ќе се врати во Милан?

Низ италијанските медиуми се појави информацијата дека Милан посакува да донесе искусен квалитетен напаѓач во зимскиот преоден рок, односно сека изборот паднал врз Златан Ибрахимовиќ.

Шведскиот ветеран кој во моментов е член на МЛС составот Лос Анџелес Галакси во минатото со успех го носеше дресот на Милан и во периодот од 2010 до 2012 година постигна 42 голови во Серија А. Токму поради ова Ибра паднал во очи кај раководството на „росонерите“ како идеално решение, но како што стојат работите од тоа нема ништо и за тоа говори изјавата на директорот на „црвено-црните“ Леонардо.

-Ибра има многу блиски врски со Милан, сите тоа го знаат. Не можеме да негираме дека ни мина една таква мисла низ нашите умови кога пристигнавме, затоа што е извонреден и има многу специфични карактеристики, но во моментов тоа не е возможно, -порача Леонардо.