Ибрахимовиќ го напушта Манчестер Јунајтед

Ибрахимовиќ го напушта Манчестер Јунајтед

Златан Ибрахимовиќ ќе го напушти Манчестер Јунајтед во следните две недели, пренесува ЕСПН.

Ибрахимовиќ минатото лето стана слободен играч откако му стана едногодишниот договор со Манчестер Јунајтед, но по кратко време ја обнови и продолжи соработката со овој клуб.

Сепак, се чини дека тој повеќе не е ниту близу до истиот играч како пред повредата на коленото во мечот од Лигата на Европа против Андерлехт минатата сезона, а доказ дека не е во најдобра форма е фактот дека не заигра за Манчестер Јунајтед од крајот на декември минатата година.

На Златан му остануваат уште четири месеци од договорот со Црвените ѓаволи, но споменатиот извор пренесува дека тренерот Жозе Мурињо му дозволил пред време да го раскине договорот и да си замине од клубот. Ибрахимовиќ наводно се договорил со ЛА Галакси и својата кариера ќе ја продолжи во МЛС лигата.

Галакси ќе биде деветтиот клуб во богатата кариера на Ибрахимовиќ, а претходно настапуваше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ и Манчестер Јунајтед. Во дресот на шведската репрезентација одигра 116 натпревари и постигна 62 гола.