Ибрахимовиќ доминира во МЛС лигата!

Ибрахимовиќ доминира во МЛС лигата!

Златан Ибрахимовиќ игра како препороден во МЛС лигата оваа сезона. Тој откако пристигна во ЛА Галакси, успеа да го препороди тимот. На 25 меча во дресот на овој клуб запиша 21 гол и шест асистенции позади неговото име.

Токму тоа и го забележа раководството на МЛС лигата и го номинираше во неколку категории за регуларниот дел од сезоната.

Главен кандидат е за најпосакуваното признание во лигата, МВП на регуларниот дел, исто така e кандидиран во категоријата дебитант на годината. A плус е ставен и во категоријата враќање на годината, категорија која се однесува за успешно враќање на терените по сериозната повреда на коленото.