И Лејди Гага ја згреши тетоважата

И Лејди Гага ја згреши тетоважата

Аријана Гранде неодамна го насмевна целиот свет, особено Јапонците, со својата нова тетоважа, а новата жртва на тетоважа со грешка е Лејди Гага.

Познатата пејачка неодамна се пофали со својата нова тетоважа. Таа ги истетовира нотите на нејзината рака, со кои напиша G A G A. Но, кога обожавателите ја погледнаа малку подобро, забележаа катастрофална грешка – нејзината музичка листа ја немаше петтата линија.

Гага брзо ја избриша објавената фотографија, а следниот ден се јави со новата. Таа повторно објави фотографија за споменатата тетоважа, но овој пат со петтата линија. Во описот напиша:

„Музичката криза е надминат. Испив премногу текила па ја заборавив петтата линија. Еве како изгледа сега.“

Изгледа дека и таа сега ќе биде внимателна со тетоважите.