Hyundai го претстави својот i30N и неговите перформанси!

Hyundai го претстави својот i30N и неговите перформанси!

Јужнокорејскиот Hyundai продолжи со агресивната промоција на своето N одделение и на саемот за автомобили во Париз.

Hyundai во “Градот на светлината” пристигна со нова варијанта на моделот i30 N, кој ја носи ознаката N Option. Овој концепт претставува визија за идните N детали и како модел на Hyundai со високи перформанси би можел да еволуира во иднина.

Hyundai со N Option претстави 25 различни висококвалитетни ентериери и екстериери кои вклучуваат детали како карбонски влакна, кожни седишта и многу друго.

Тука се и 20-инчните алуминиумски бандажи и уникатната мат фарба, специјално изработена за овој модел. Од Hyundai не споменале промени во погонскиот дел од автомобилот, па се претпоставува дека е тој е идентичен како во стандардната i30 N верзија.

Во прашање е 2.0-литарски четирицилиндричен турбобензинец кој располага со 270 коњски сили и шестстепен мануелен менувач.