Huawei набрзо ќе претстави паметни очила

Huawei набрзо ќе претстави паметни очила

Кинеската компанија Huawei ги претстави своите први паметни очила кои ќе пристигнат на пазарот во јули оваа година.

“The Verge” пренесува дека челниците на Huawei сфатиле дека паметните очила им се важни на купувачите, а во процесот на нивно производство, кинеската компанија се здружила со корејската компанија која се занимава со производство на луксузни очила – Gentle Monster.

Овие паметни очила немаат никакви камери, што значи дека нема да има загриженост поради нарушување на приватноста, а и батеријата ќе трае значително подолго. Наместо тоа, на корисникот ќе му биде овозможено hands-free примање на повици, а двата микрофони и звучниците ќе овозможуваат разговор и во бучно опкружување.

Очилата ќе ги напојува батерија со капацитет од 2,200 mAh која ќе се полни преку USB-C порт. Ќе бидат отпорни на вода и прашина по стандардот IP67, а засега не е познато по која цена ќе се продаваат.