Huawei го претстави P30 Pro New Edition

Huawei го претстави P30 Pro New Edition

По излегувањето на неофицијалните информации,  Huawei официјално го претстави својот старо/нов P30 Pro, сега наречен Huawei P30 Pro New Edition. 

P30 Pro беше последниот телефон со Google апликации, па јасно е дека Huawei со обновувањето на овој модел сакаат да им дадат на корисниците понов телефон кој сепак ги има овие апликации.

Од мај минатата година Huawei не смее да ги вклучува сервисите и апликациите од Google, па тоа значи дека поновите телефони од компанијата, како одличниот P40 доаѓаат без можност за користење на Play Store, Google Maps, YouTube и другите.

Иако AppGallery од Huawei се покажува како одлична алтернатива на Play Store, сепак за корисниците кои се најмногу навикнати на апликациите од Google, нивната недостапност може да претставува проблем при одлуката за купување.

Затоа, слободно може да се каже дека одлуката на Huawei да го претстави P30 Pro New Edition е одличен компромис за тие кои се фанови на брендот, но се мислат дали да купат телефон без Google.

Сепак, P30 Pro New Edition ги има во главно истите карактеристики и компоненти како ланскиот модел, односно има 6,47 инчен OLED екран, Kirin 980 процесор, 8GB RAM меморија, три камери со 40, 8 и 20 мегапиксели и TOF сензор за длабочина на сликата.

Главната разлика е во зголемувањето на просторот за податоци, па тој сега е со капацитет од 256GB, наместо 128GB како ланскиот модел.

Huawei P30 Pro New Edition треба да биде достапен во Германија по цена од 749 евра, а ќе видиме дали ќе биде достапен и на други пазари.