Huawei е втората најголема мобилна компанија на светот!

Huawei е втората најголема мобилна компанија на светот!

Сеуште на тронот на пазарот со мобилни телефони седи Samsung , додека второто место од Apple го превзеде Huawei што е прв пат од 2010-та година американската компанија да не е на првото или второто место.

Huawei чекори со брзо темпо кон тоа што во кинеската компанија го поставија за цел пред неколку години – да станат најголемата компанија на глобалниот пазар со мобилни телефони. Сето тоа пред неколку години изгледаше невозможно, но Huawei започна да го потресува дуополот на Samsung и Apple и од квартал во квартал заземаше се поголем удел на пазарот.

Според податоците кои што ги објави “IDC”, Huawei во текот на ова тромесечие испорачале над 54 милиони телефони, додека пак Apple останале на „само“ 41,3 милиони продадени Ајфони.

Водечка компанија и натаму е Samsung кои што имаат испорачано 75 милиони телефони со што во вториот квартал од оваа година Јужнокорејците заземаат 20,9% од пазарот, но во однос на истиот период од минатата година бележат пад од 10%.

Во истиот период Huawei бележи огромен раст, односно после испораката од 38,5 милиони телефони во вториот квартал од 2017-та година, Кинезите сега испорачале 54,2 милиони телефони ширум светот.

„Континуираниот раст и продорот на нови пазари колку што е одличен толку е и очекуван и доаѓа како резултат на нашата цел, не да ги следиме туку да ги диктираме иновациите на пазарот и со тоа да се наметнеме како бренд којшто може секогаш соодветно да одговори на растечката потреба и побарувачка од потрошувачите. Покрај новите модели паметни телефони, со напредни перформанси што претставуваат револуција во смарфоните и нивната функција, Huawei паралелно се шири на сите пазари што исто така придонесе за новата позиција во светски рамки“, изјавија претставници од компанијата.

Apple забележа пораст од 0,7%, но најголемиот пораст го бележи Xiaomi – оваа кинеска компанија има испорачано 31,9 милиони телефони и бележи раст од речиси 50%. На петтото место се наоѓа компанијата Oppo со 29,4 милиони испорачани телефони и пораст од 5%.

Huawei како глобален технолошки гигант во своето портфолио покрива паметни телефони, персонални компјутери и таблети, преносни и облак услуги и слично. Производите и услугите на Huawei се достапни во повеќе од 170 земји и се користат од една третина од светската популација. Компанијата има воспоставено шеснаесет центри за истражување и развој распоредени во САД, Германија, Финска, Шведска, Русија, Индија и Кина. Глобалната мрежа на Huawei е изградена на повеќе од 20 години стручност во телекомуникациската индустријата и е посветена на обезбедување на најновите технолошки достигнувања за потрошувачите од целиот свет.