Gucci има нова колекција со неутрален еклектицизам

Gucci има нова колекција со неутрален еклектицизам

Како да се продолжи со производството, да се зачува стандардот, но и да се понуди на публиката она што е потребно во моментот, се само некои од предизвиците чие решение најдобро одговара на филозофијата на одржливост во модната индустрија.

Комбинацијата на одржливоста на модата и високата мода е дел од последната кампања на Gucci ,Off The Grid”, која се базира на одржливи модни постулати. Естетски, колекцијата го сумира препознатливиот еклектицизам на Gucci, а овој пат Алесандро Микеле вклучи неутрална боја во модната приказна која одлично и ја нагласува смиреноста и сензибилноста на колекцијата. ,,Off The Grid”, според дизајнерот, е всушност еден вид поглед кон иднината што вклучува подигнување на еколошката свест и малку поинаков поглед на природата што нè опкружува.