Храна која можете да ја јадете навечер, без да се здебелите

Храна која можете да ја јадете навечер, без да се здебелите

Без оглед на тоа колку внимавате што јадете, се случува некогаш навечер да огладнете, а дефинитивно не е препорачливо навечер да го “наполните“ стомакот, а од друга страна пак не е добро ниту да си легнете гладни.

Еве што може да јадете во такви ситуации.

Пуканки

Можеби ќе ве изненади фактот дека пуканките се едни од најздравите грицки. Содржат малку калории- околу 122 калории во порција од 30 грама.

Пуканките содржат и малку масти, а доста влакна.

Затоа се вистинскиот избор кога ви се јадат грицки.

„Тоа се цели житарици кои содржат влакна што се добри за здравјето на органите за варење“ – вели диететичарката и нутриционистка Кариса Белерт.

Морков

Покрај тоа што е добар за вид, морковот е идеален и за грицкање навечер.

Диететичарката Ејми Горин вели дека овој зеленчук е добар извор на хранливи влакна, витамин А и калиум. Исто така содржи и алфа-каротин за кој се верува дека добро влијае на спиењето.

Горин вели дека морковот е добро да се јаде навечер затоа што потребно е повеќе време да се џвака, а исто така крцкав е и може да послужи како замена за грицки.

Грчки јогурт

Јогуртот е одличен извор на калциум затоа се поврзува со подобрувањето на сонот кога се пие навечер. Исто така е добар извор на протеини кои што ќе ве заситат.

И не е само тоа, грчкиот јогурт е богат со протеинот касеин кој кога се консумира навечер го намалува чувството на глад наутро.

Сирење

Сирење со намелено количество на масти е одличен извор на протеини и плус ќе ви го забрза метаболизмот.

Научниците од Универзитетот на Флорида тврдат дека консумираат 30 грама протеини околу половина час пред спиење, а тоа може да има позитивно влијание на мускулите, метаболизмот и општото здравје.

За да го тестираат ефектот, научниците ангажирале група на активни жени во 20-тите години кои секоја вечер јаделе тврдо сирење.