HP ја претстави новата Pavilion гејмерска линија!

HP ја претстави новата Pavilion гејмерска линија!

Omen гејмингот линијата на компанијата HP оди во заборав бидејќи сега компанијата пласираше уште една нова линија наречена Pavilion Gaming наменета за гејмерите кои што бараат „пониски стандарди“.

Засега, линијата Pavilion Gaming ја претставуваат два десктоп компјутери, лаптоп и дисплеј, а од HP велат дека е наменета за оние кои што сакаат да играат на компјутер, но не и да купат PC кој ќе биде исклучиво за гејминг.

Pavilion Gaming Laptop пристигнува со екран со големина од 15,6 инчи, а ќе биде понуден во различни конфигурации. Најевтиниот модел ќе чини 800 долари, а сите модели ќе ја имаат осмата генерација на Core i5 или i7 процесорите, 8 GB RAM меморија и комбинација на 1 TB HDD диск.

Исто така, ќе бидат опремени и со Radeon RX 560X, GeForce GTX 1050 Ti или GTX 1060 Max-Q во зависност од изборот на купувачот, а во зависност од изборот, секако ќе варира и цената на лаптопот.

Покрај тоа, претставени се и два Pavilion Gaming десктоп компјутери 690 и 790. Моделот 690 пристигнува во „помало пакување“ и ќе се продава по цена од 549 долари, а помоќниот ќе чини 749 долари. Овие компјутери можат да се надоградуваат како на пример моделот 790 кој што може да добие RAM меморија до 64 GB.

HP го најави и Pavilion Gaming 32 HDR екранот со големина од 32 инчи. Тој е поинаков од останатите 4K HDR TV со тоа што има поширок спектар на бои, помал контраст и светлина. Неговата резолуција изнесува 2560×1440 и ја поддржува FreeSync технологијата на AMD. Ќе се продава по цена од 449 долари.

Продажбата на уредите започнуа во мај и јуни оваа година.