Хотели за најскапо летување…

Хотели за најскапо летување…

Двата најскапи хотели во светот се наоѓаат на Сејшелите, островската држава која се наоѓа во Индискиот океан, пишува списанието Травел.

„Норт исланд лоџ“ (North Island Lodge)

Двокреветна соба во хотелот „Норт исланд лоџ“ (North Island Lodge) чини 6.995 долари за една ноќ.

„Фрегате исланд“(Fregate Island)

На второ место се наоѓа хотелот „Фрегате исланд“(Fregate Island), исто така на Сејшели, каде за една ноќ треба да платите 5.246 долари.

„Лаукала“(Laucala)

На трето место се наоѓа хотелот „Лаукала“(Laucala) на Фиџи каде за двокреветна соба треба да издвоите 5.040 долари.

Ако планирате да ги посетите Сејшелите, добро е да знаете дека можете да престојувате во хотел кој е најскапиот во светот.

Секако, ако сакате (и имате) толку многу да си го олесните буџетот.