Honor V40 може да биде меѓу најпродаваните телефони во 2019-та

Honor V40  може да биде меѓу најпродаваните телефони во 2019-та

Камера од 48 мегапиксели, 3Д сензор како Xbox конзолата, моќниот процесор на Huawei – Kirin 980 и екран од 6,4 инчи.

Сето тоа по далеку пониска цена од конкурентните модели.

Honor и официјално го претстави својот најнов телефон со кој што ќе се обидат да ги нападнат најдобрите модели на конкуренцијата – моделот V40 кој во Париз за еден месец ќе го видиме во глобалната верзија наречена View 40.

Новиот V40 ќе биде еден од ретките телефни без “notch”, односно во левиот горен агол ќе има мала дупка во екранот каде што ќе биде сместена предната камера, како и другите сензори.

И додека на предната страна има камера од 25 мегапиксели, на задната страна се сместени две камери. Тука доминира 48 мегапикселниот сензор на Sony – IMX586, а тука е и EMUI на Huaawei што значи дека ќе има одличен мод за правење на ноќни фотографии. Треба да се истакне дека на задната страна е сместен 3D TOF сензорот кој би требало да функционира како Kinect сензорот на Xbox и да овозможи мапирање на објектите во просторот, што значи дека ќе има голема примена кај апликациите за проширена реалност.

На предната страна доминира 6,4-инчниот LCD екран со Full HD резолуција, а „под хаубата“ е сместен процесорот на Huawei – Kirin 980, како и 6 или 8 GB RAM меморија и 128 или 256 GB интерна меморија.

Новиот V40 доаѓа со батерија со капацитет од 4000 mAh и брзо полнење. Ќе се продава во три бои – црвена, сина и црна, а на пазарот во Кина неговата цена се движи од 435 до 580 долари во зависност од меморијата.