Холивудскиот пар и по 20 години се лудо вљубени еден во друг!

Холивудскиот пар и по 20 години се лудо вљубени еден во друг!

Актерскиот пар Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас се заедно од дамнешната 1998 година,а помеѓу партнерите има дури 25 години разлика.

Парот денес има две деца – 14-годишна ќерка и 17-годишен син, а тие успешно ги пребродиле бројните кризи и животни удари во текот на годините.

Cross country skiing this morning. So beautiful.

A post shared by Catherine Zeta-Jones (@catherinezetajones) on

Семејството неодамна одморало во Доминиканската Република, а 48-годишната актерка споделила неколку бајковити фотографии од одморот, покажувајќи ѝ на јавноста колку е среќна во друштво на сопругот и децата.

Family❤️

A post shared by Catherine Zeta-Jones (@catherinezetajones) on

За потсетување, Зета-Џонс и Даглас се запознале на филмски фестивал во Франција во 1998 година, а се венчале на 18-ти ноември 2000 година во хотелот Плаза во Њујорк, откако бил финализиран разводот на Мајкл од неговата тогашна сопруга.

За парот сите овие години не се пишувале огромни скандали, но тие беа во центарот на вниманието кога Даглас открил дека има рак на грлото во 2010 година и за кој тој открил дека го добил поради орален секс. Не само што со тоа било нарушено неговото здравје, туку и Кетрин во тој период страдала од депресија, за што честопати и отворено зборувала во јавноста, но парот сепак останал заедно и покрај проблемите.

Освен тоа, на актерката пред неколку години ѝ било дијагностицирано и биполарно растројство.

Еден период се зборуваше дека парот живее во одвоени домови, но доколку имало вистина во тоа, кризата е зад нив што е уште еден доказ дека вистинската љубов секогаш победува.