Холивудска љубов со среќен крај!

И покрај тоа што имаа сериозни несогласувања кои дури доведоа и до поднесување на документите за развод, Џоли и Пит едноставно се предодредени да бидат заедно, а тоа дефинитивно не потсеќа на Елизабет Тејлор и Ричард Бартон. 

Холивудската двојка деновиве интензивно работи на своето помирување бидејќи како што велат нивните пријатели, сфатиле дека се далеку посреќни кога се заедно, отколку кога се разделени.

Според Иан Халперин, биографот на парот, Енџи и Бред пред 7 недели за прв пат се сретнале по нивната разделба.

-Бред го направи првиот чекор кон неа, за потоа да завршат во прегратка. Имаше многу солзи. Не се воздржуваа. Си кажаа сè. Во тој миг решија да започнат одново.

Како на Анџелина, така и на Бред му требаше време за да размисли. По инцидентот на авионот, Џоли беше мошне бесна поради однесувањето на Пит, но изгледа дека сега конечно е подготвена да му даде втора шанса. Тој пак сериозно се нафати да го реши проблемот со зависноста и да и покаже дека е нов човек.

Холивуд сака приказни со среќен крај, а истото го сакаат и Бред и Анџелина. Нивните пријатели велат дека помеѓу нив постои посебна хемија, па дури и кога бурно се расправаат за некоја работа, караницата завршува со бакнеж и помирување. Можеби токму затоа Џоли, не ретко ја споредува нивната врска со онаа на Тејлор и Бартон кои иако беа едни од најтурбулентните двојки во Холивуд не можеа еден без друг.