Хјустон,Милвоки и Бостон ја искористија предноста на домашниот терен

Хјустон,Милвоки и Бостон ја искористија предноста на домашниот терен

Изминатата ноќ екипите на Хјустон Рокетс, Милвоки Бакс и Бостон Селтикс ја искористија уште еднаш предноста на домашниот терен и против своите опоненти поведоа со 2:0 во плејоф сериите.

Хјустон со Џејмс Харден уште еднаш ги декласираа Јута Џез. Вториот меч ракетите го добија со 118:98. Харден забележа трипл-дабл (32 поени, 13 скока, 10 асистенции), а по 17 поени постигнаа Такер и Крис Пол.

Милвоки Бакс, третата четвртина против Детроит Пистонс ја добија 35:17, што им беше доволно за убедлив триумф 120:99.

Кај победниците се издвоија тројца играчи Ерик Бледсо (27 поени) , Јанис Адетокумбо (26 поени, 12 скока) и Крис Мидлтон (24 поени). Во отсуство на Блејк Грифин, Детроит го предводеше Андре Драмонд со 18 поени и 16 скока.

Неизвеснот имаше само на мечот помеѓу Бостон Селтикс и Индјана Пејсерс. Гостите од Индијанаполис на почетокот на последната четвртина водеа со 11 поени, кога на сцената стапи Кајри Ирвинг, Селтикс четвртината ја добија со 31:12, а мечот со 99:91.

Ирвинг заврши со 37 поени, 6 скока и 7 асистенции, а 26 поени постигна Џејсон Тејтум. Хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ запиша 23 поени и 8 скока за Индијана.