Хју Грант стана татко по петти пат на 57 години

Хју Грант стана татко по петти пат на 57 години

Британскиот актер Хју Грант по петти пат стана татко, а честитки доаѓаат од целиот свет.

57-годишниот актер Хју Грант и неговата девојка Ана Еберштајн добија трето дете. Иако многумина се љубопитни да дознаат за полот на бебето, како и неговото име, познатите родители не сакаа да откријат детали за медиумите.

Актерот и продуцентката заедно ги поминаа претходните седум години со прекини, но нивната љубов на крајот опстана.

Освен три деца што ги има со Ана, Хју, исто така, има син Феликс и ќерка Табита во врската со Тинлан Хонг.