Хит Леџер или Хоакин Феникс? Кој е подобар Џокер?

Хит Леџер или Хоакин Феникс? Кој е подобар Џокер?

Со излегувањето на долго очекуваниот филм на режисерот Тод Филипс, пристигна и актерот кој ја предизвика титулата “Најдобар Џокер” досега. Хоакин Феникс покажа зачудувачки перформанс па можеби и го симна Хит Леџер од врвот.

Уште од објавувањето на филмот фановите се обложуваа на тоа дали новиот Џокер ќе ја шокира па и исплаши публиката, неуспешниот комичар Артур Флек (Феникс) како што го направи тоа Леџер во The Dark Knight. Голем број фанови кои го погледнале филмот велат дека Хоакин го засени Леџер иако за тоа требало да чекаат дури 11 години.

Image result for heath ledger as joker

Феникс секако постави високи стандарди, но Леџер, иако постхумано се здоби со оскар за истата улога. Сепак ликот е мошне различно претставен во двата филма.

Во The Dark Knight, Џокер е енигма, мистериозен и манифестација на хаосот во општеството и дефинитивно воден од високо политички мотив. За разлика од него, во The Joker се прикажани доста детали за животот на Џокер и дури се додадени емпатични моменти и е претставен како психички болен самотник.

Image result for joaquin phoenix joker

Она што е сигурно е дека и двајцата навистина многу вложија во оваа улога. Хит Леџер се заклучувал по еден месец во хотелска соба за да го проучува ликот, за што се смета дека и влијаело на неговото психолошко здравје и неговата смрт. Феникс пак изгуби 22 килограми и често морал да го напушти сетот за да “навлезе во ликот”.