Хилари Даф се омажи

Хилари Даф се омажи

 32-годишната актерка и 32-годишниот пејач се венчаа во градината на нивниот дом во Лос Анџелес.

Холивудската ѕвезда изгледаше прекрасно со венчаница со гол грб и долги ракави. Креацијата е дело на дизајнерката Џени Пекам.

Хилари и Метју се во врска од јануари 2017 година и имаат едно заедничко дете – ќеркичката Бенкс. Хилари има и 7-годишно синче од бракот со хокеарот Мајк Комри.

И двете деца присуствуваа на венчавката.