Hermès го претстави новиот бр.1 часовник за мажи!

Hermès го претстави новиот бр.1 часовник за мажи!

Францускиот часовничарски бренд креира производи од далечната 1970 година, но дури во 2006 година овој бренд стана популарен бидејќи оттогаш започна да создава неверојатни луксузни часовници.

Најновиот часовник на Hermès е наречен Hermès Slim d’ Hermès GMT и слободно можеме да кажеме дека ова е совршениот машки часовник кој ќе им се допадне и на спортистите и на мажите кои претпочитаат елеганција.

Новиот модел има елегантно куќиште со пречник од 39,5 милиметри, направено од паладиум, кое е неверојатно цврсто и отпорно. Стаклото на куќиштето е исто така отпорно на гребаници и удари, што допринесува овој часовник да биде водоотпорен до длабочина од 30 метри.

Паладиумското куќиште рефлектира светлина, па во еден момент часовникот има сива, а во друг момент црна боја. Часовникот доаѓа со елегантно црно ременче од алигаторска кожа која порачува дека станува збор за луксузен часовник кој не секој може да си го приушти.

Бројчаникот има минималистички дизајн кој не е премногу нападен, а со тоа лесно може да се вклопи во комбинација со деловни одела. Уште една добра работа кај Hermès Slim d’ Hermès е тоа што тој е прилично тенок и механизмот кој се наоѓа во него е со дебелина од 2,6 милиметри, што го прави и лесен и удобен за носење.

Цената на часовникот изнесува 12 илјади долари.