Хелмут Марко ги демантира шпекулациите за заминувањето на Хартли

Хелмут Марко ги демантира шпекулациите за заминувањето на Хартли

По неколкуте неубедливи изданија на Брендон Хартли, падокот веднаш почна да шпекулира дека резервистот на Мерцедес, Паскал Верлејн, ќе биде возачот кој ќе го замени во Торо Росо.

Сепак, одговорниот за возачи во Ред Бул, доктор Хелмут Марко, побрза да го демантира тоа.

По сударот на Т3 пред квалификациите во Барселона тој веќе користи втор мотор, така што следната замена ќе донесе казна за него.

Навистина не знам од каде доаѓаат тие шпекулации – краток и јасен беше Марко во својата изјава за германски Bild .

Според шпекулациите, во Торо Росо се размислува од Канада да го променат Хартли.