Хељда, здраво и вкусно семе!

Хељда, здраво и вкусно семе!

Древната житарка хељда е едногодишна планинска билка, овошно семе, која успева само над 1.000 метри надморска височина, многу е хранлива, не содржи глутен, а дава поголема енергија.

Вкус

Хељдата има приближно еднаква енергетска вредност како и другите житарки, а една шоља со сварени зрна хељда содржи 150 калории. Во таа една шоља ќе добиеме 4,5 грама прехранбени влакна, а се смета за извор на витамин Б, магнезиум, а содржи и триптофан, поради кој подобро ќе спиете.

Заштитник на крвните садови

Корисните ефекти кои ги има хељдата на кардиоваскуларниот систем можат да се препишат на специфичните материи, наречени флаваноиди, особено рутинот. Тој се наоѓа во семето и има улога да ја одржува еластичноста на крвните садови, да одржува нормален тек на крвта низ крвните садови и да спречи згрутчување на крвта.

Храна

Хељдата во комбинација со компир била некогашна храна на мештаните, со оглед на тоа дека е многу едноставна за подготовка. Денес, оваа намирница многу ретко се користи во исхраната, но главно се задржала во селата и во некои ресторани како специјалитет. Во последно време здравата исхрана зема поголем замав, па така хељдата полека започнува да се користи како намирница.

Убавина

Поради рутинот, хељдата е вредна билка за одржување на свеж и младолик изглед. Рутинот ја зголемува циркулацијата на крвта на кожата, ја штити од УВ зраците и ја одржува еластичноста. Оваа билка ги содржи потребните хранливи материи кои се неопходни за одржување на убава коса и кожа.