Хектор Купер најави дека ќе игра со најдобриот состав!

Хектор Купер најави дека ќе игра со најдобриот состав!

Утре на Мундијалот во Русија се играат три натпревари, а вториот дуел од А групата меѓу Египет и Уругвај е од голема важност особено што Русија ја победи Саудиска Арабија.

Селекторот на Египет Хектор Купер најави дека ќе игра со најдобриот состав.

Салах е добро, заздраве… Многу веројатно е дека 100 проценти ќе игра, ако не се случи нешто непредвидено – изјави Купер.

Здравствената состојба ја следат и лекарите на Ливерпул покрај тие на египетската репрезентација.

Натпреварот Египет – Уругвај се игра утре со почеток во 14 часот.