ХБО објави сцена од новата сезона на Game of Thrones

ХБО објави сцена од новата сезона од серијата „Игра на тронови“, на три месеци пред премиерата.

Иако видеото трае само неколку секунди, тоа на обожавателите им открива многу. На него, Денерис Таргеријан им приоѓа на Санса Старк и Џон Сноу, при што на Санса ѝ вели дека Винтерфол (земјата на Старк) е повторно нивна.

Содржината на последната, осма сезона се чува во најголема тајност.