HBO има убава вест за фановите на Game of Thrones

HBO има убава вест за фановите на Game of Thrones

Додека обожавателите со нетрпение ја чекаат последната сезона на Game of Thrones, тие ќе бидат изненадени од веста дека планираат да снимат ново предпродолжение на оваа популарна серија.

Списанието Varaeti потврди дека HBO ќе го сними петтото предпродолжение на Game of Thrones, а сценариото ќе го напише Брајан Когман, кој работи на серијата од првата сезона. Когман ги напишал сцените за седмата епизода на шестата сезона (The Broken Man) и втората епизода од седмата сезона (Stormborn).

Иако деталите сè уште се строго чуваат во тајност, Џорџ Мартин, автор на серијата „Песни од мраз и оган”, на кој се сними серијата, јасно истакна дека во предпродолжението нема да се појави ниту еден главен лик на Game of Thrones.