Хасан Салихамиџиќ стави крај на шпекулациите!

Хасан Салихамиџиќ стави крај на шпекулациите!

 Хасан Салихамиџиќ, порача дека Нико Ковач останува тренер и понатаму, без оглед на шпекулациите за негово заминување.

Баерн претходниот викенд изненадувачки одигра 3:3 против Фортуна Дизелдорф, со што се створи една разочарувачка атмосфера, по која сите беа сигурни дека Хрватот заминува од тренерската позиција.

Но, по убедливата победа на Баерн во ЛШ против Бенфика (5:1), се врати оптимизмот во соблекувалната на Баварците.

Ковач останува и ќе ја води екипата и идниот натпревар во Бремен. Не е точно дека натпреварот со Бенфика бил пресуден за него, не е точно дека преговаравме со Венгер. 100% тврдам дека тоа не го правевме – тврди Салихамиџиќ.