Хари Потер облиен во крв и пиштоли се шета низ улица!

Хари Потер облиен во крв и пиштоли се шета низ улица!

Даниел Редклиф (28) е уловен како во пењоар и пиштоли се шета на улица во центарот на Оукланд.

Изгледал како само што да се разбудил, а на нозете има големи топлинки во облик на глава од тигар. Но, младиот глумец не полудел сосема, туку е само дел од нов филм.

Ѕвездата на серијалот “Хери Потер” моментално се наоѓа во Нов Зеланд каде го снима филмот “Guns Akimbo”, црна комедија во која покрај него глуми и Самара Вивинг, додека филмот е во режија на Џејсон Леј Хоуден.

Даниел го глуми Мајлс, обично младо момче кое се најде во средината на бизарна игра, која се организира на социјалните мрежи, а во кој странците се борат до смрт за да ја забавуваат публиката, а сето тоа се пренесува во живо на Интернет.

“Доколку ме забележите во Оукленд прекриен со крв и модрици, не грижете се, тоа е веројатно поради снимањето”, рече Редклиф пред некој ден.