Хари Кејн стигна до 200-от гол, но Тотенхем загуби!

Хари Кејн стигна до 200-от гол, но Тотенхем загуби!

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн стигна до голем јубилеј на мечот против Саутемптон и го постигна 200-от гол во кариерата, но „спарси“ останаа без бодови.

Хари Кејн постигна гол за водство на асистенција на Деле Али во првото полувреме и се чинеше дека гостите од Лондон лесно ќе стигнат до трите бода.

Меѓутоа, во второто полувреме Саутемптон успеа да стигне до целосен пресврт и да освои големи три бода.

Најпрвин целата одбрана на Тотенхем потфрли, а Валери погоди за 1-1, а потоа Ворд-Прауз со фантастичен гол од слободен удар му донесе радост на домаќините.

Лестер оствари важна победа, прва под палката на Брендон Роџерс откако успеа да го победи Фулам со 3:1.

Фантастичен пресврт направи и Њукасл кој губеше со 0:2 дома од Евертон, но успеа да стигне до 3:2 и да ги освои трите бода.