Хамилтон со победа во Унгарија

Хамилтон со победа во Унгарија

Луис Хамилтон доминираше на патеката Хунгароринг и заслужено стигна до победа на трката од Формула 1 шампионатот.

Британецот без никакви проблеми ја задржа позицијата која ја имаше уште од квалификациите, а со осмата победа во Унгарија го израмни рекордот на Михаел Шумахер за бројот на победи на едно гран-при.

Во завршницата малку возбудување понудија Макс Ферстапен и Валтери Ботас, но Финецот не успеа да направи ништо конкретно за да стигне до второто место и ќе мора да се задоволи со место на победничкиот подиум.

Ферари имаше уште една потпросечна трка во која Фетел го освои шестото, а Леклер единаесеттото место и остана без бодови во Унгарија.

Зад тројката Хамилтон-Ферстапен-Ботас се најдоа Строл, Албон, Фетел, Перез, Рикиардо, Магнусен и Саинц.