Хамилтон со победа ја заврши сезоната во Формула 1

Хамилтон со победа ја заврши сезоната во Формула 1

Луис Хамилтон на вистински начин ја завршува Ф1 сезоната, во која е крунисан по шести пак како светски шампион.

Британецот уште еднаш докажа дека титулата иако обезбедена, тој сака да покаже и докаже кон конкурентите дека е сепак за чекор понапред од нив и тоа го докажа, трката ја заврши и со рекорден најбрз круг на Јаз Марина во Абу Даби.

Освен што Хамилтон победи, на подиумот во Јаз Марина место имаше и за второпласираниот Макс Верстапен од Ред Бул кој сезонава покажа дека и тоа како знае да биде опасност за големите возачи и дека на него во иднина мора да се смета.

Третата позиција за уште еден квалитетен возач, Шарл Леклер од Ферари, кој имаше може да се каже перфектна прва сезона, а ќе беше уште поубедлива доколку од Ферари не му ги уништуваа трките на неколку наврати.