Луис Хамилтон испиша нова историја

Луис Хамилтон испиша нова историја

Луис Хамилтон стигна до својата 92. победа во кариерата.

Британецот уште еднаш успеа да го победи својот тимски колега Валтери Ботас, кој на целта пристигна како второпласиран, додека последното место на подиумот го пополни Макс Верстапен од Red Bull.

Шарл Леклер извозе одлична трка ако се земат во предвид перформансите на Ferrari оваа сезона и го освои четвртото место, а истото може да се каже и за Пјер Гасли кој со болидот на AlphaTauri заврши на петтата позиција, пред Карлос Саинц (McLaren), Серхио Перез (Racing Point), Окон (Renault), Даниел Рикиардо (Renault) и Себастијан Фетел (Ferrari).