Хамилтон:Ферари во моментов изгледа силно!

Хамилтон:Ферари во моментов изгледа силно!

На почеток од тест периодот за болидите во Формула 1, пред почетокот на новата сезона, Ферари наводно изгледа гламурозно и фантастично со резултатите.

Но такви беа прогнозите и минатата сезона, кога црвените од Маранело имаа добар старт, но кошмарен завршеток на сезоната.

Луис Хамилтон сега смета дека Ферари навистина изгледа импресивно и дека ќе биде интересно на патеката оваа сезона.

Ферари во моментов изгледа навистина силно, мислам дека имаат подобар пакет од минатата сезона. Сигурно дека на патеката ќе не очекува поголем притисок и предизвик. Што се однесува до Мерцедес, ние длабоко гледаме на работите и се натпреваруваме сами против себе, да се надминеме себеси во перформансите, а што се однесува до новиот двоец во Ферари, Фетел – Леклер, мислам дека е далеку од тоа да се очекува дека Леклер веднаш ќе го победува Себастијан на патеката – истакна Хамилтон.