Хали Бери топлес ја покажа новата тетоважа

Хали Бери топлес ја покажа новата тетоважа

Една од најзгодните холивудски актерки ги запали социјалните мрежи со фотографија на која се пофалила со својата нова тетоважа.

52-годишната Хали Бери се соблекла топлес и го фотографирала својот извајан грб за да ја покаже новата тетоважа долж ‘рбетниот столб.

View this post on Instagram

Who says I’m not a mermaid 🧜‍♀️

A post shared by Halle Berry (@halleberry) on

“Кој вели дека не сум сирена?”, напишала Хали во описот од фотографијата на која носи само сребрено светкаво здолниште кое потсетува на опашка од сирена. Воодушевените обожаватели почнале да ѝ делат комплименти во коментари на сметка на нејзината одлична линија која ја должи на редовното вежбање и здравите прехранбени навики, а многумина се сложиле дека таа со новата тетоважа изгледа уште посекси.

Затоа не се сомневаме дека актерката отсега ќе носи фустани со отворен грб на црвениот тепих бидејќи навистина би било штета да ја крие оваа секси тетоважа.

View this post on Instagram

Lazy Sunday ✨✨

A post shared by Halle Berry (@halleberry) on