Халеп овој пат подобра од Шарапова!

Симона Халеп го нема заборавено поразот во првото коло на УС опен од Марија Шарапова,па овој пат со прва победа во кариерата ја совлада поранешната светска тенисерка број 1.

Романката беше убедлива за да стигне до 6:2/6:2 победа по само 72 минути за пласман во четврт-финалето на Кинескиот опен во Пекинг.

Ова беше прв пораз на Шарапова во два сета по враќањето од допинг-суспензијата во април, откако Русинката имаше дури 39 неизнудени грешки, а Халеп направи дури пет брејка. Романката претходно имаше 0-7 скор против Шарапова.

„Мечот беше навистина фантастичен и мислам дека го одиграв најдобриот тенис досега против неа. Сервирав одлично по сите проблеми во текот на есента и сакам да уживам во моментов“, вели Халеп.

Шампионката од Ролан Гарос, Јелена Остапенко, стигна до третото коло со 6:3/7:5 победа над Австралијката Саманта Стосур, со што е на чекор од пласман на ВТА-финалето во Сингапур, завршниот турнир од сезоната на кој играат најдобрите осум тенисерки во календарската година.