Хакери го избришаа спотот за песната Despacito од YouTube.

Хакери го избришаа спотот за песната Despacito од YouTube.

Само пет дена откако беше објавено дека спотот на Луис Фонси и Дади Јанки официјално е најгледаниот на YouTube со 5 милијарди прегледи, хакери успеаја да го избришат.

Луѓето некое време можеа да пристапат до спотот, но наместо песната ги дочекала слика од петмина аниминирани и маскирани луѓе со вперени пиштоли во камера, што сугерира дека станува збор за хакерски напад.

Таков хакерски напад ги погоди и Шакира, Селена Гомез, Тејлор Свифт и Дрејк, а оригиналните видеа се поставени на Vevo.

Хакерската група која се потпишува како Prosox and Kuroi’sh напиша „Free Palestine“ под видео клиповите.