Хајди Клум остава без здив во топлес фотографија

Хајди Клум остава без здив во топлес фотографија

Манекенката Хајди Клум, веќе со години наназад е една од најзгодните жени на светот.

Овие денови, сексапилната Германка ужива со 16 години помладиот партнер, музичарот Били Каулитц на одмор во Мексико, каде се соблекла и гордо го покажала своето тело.

Хајди ги израдувала своите верни фанови со провокативна топлес фотографија, која за два дена собрала повеќе од 220.000 лајкови.

Под оваа сексапилна фотографија, обожавателите ѝ ределе комплименти на славната манекенка.

„Боже, каква жена! Хајди, ти си и ќе останеш мојот модел. Секогаш со насмевка и секогаш во акција, Само така продолжи!“, „Неверојатен сексапил“, Многу секси! Би сакала да ја имам нејзината самодоверба“, се само дел од коментарите.