Гвинет Палтроу на домашен ручек со вереникот и поранешниот сопруг

Оскаровската Гвинет Палтроу очигледно нема никакви проблеми со мажите во нејзиниот живот,и  сподели фотографија како ужива во дружбата со вереникот Бред Фалчук и поранешниот сопруг Крис Мартин.

“Неделен оброк”, напиша 45 годишната глумица под фотографијата на која позираат Бред и Крис, а ја сподели на социјалната мрежа Инстаграм вклучувајќи го хештегот #модернафамилија.

Sunday brunch #modernfamily

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow) on

Палтроу и Мартин се разведоа пред три години, после 11 години врска и брак заедно. Сепак и двајцата останале добри пријатели поради децата, 13 годишната Епл и 11 годишниот Мосес.

“Многу, многу сме блиски и тоа е убаво. Чувствувам дека ваква ни била судбината, да имаме ваква врска”, рекла Палтроу неодамна во интервју за Мери Клер.

HAPPY 40th BIRTHDAY to the best daddy in the world!!! We ?you so much!

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow) on

Фронтменот на групата “Колдплеј” јавно проговори за разводот и се обвини себе си за разделбата со Гвинет.

“Пред две години бев во хаос. Се чувствував како да не можам да уживам во ништо, бидејќи бев преотперетен со други работи. Не можам да обвинам никој друг освен самиот себе”, рекол Крис Мартин.

Само четири месеци после разводот, глумицата пронајде нова љубов, 46 годишниот продуцент Бред Фалчук. Тие прв пат се запознале во 2010 година на снимањето на ТВ серијата “Glee” за која Фалчук го напишал сценариото, а се верија на почетокот на ноември оваа година.