Гвинет Палтроу го зеде и поранешниот сопруг на медениот месец

Гвинет Палтроу го зеде и поранешниот сопруг на медениот месец

Гвинет Палтроу и Крис Мартин продолжуваат со својот близок однос и после разводот.

Гвинет Палтроу откри дека на меден месец на Малдиви отишла и со бившиот и со сегашниот сопруг, сценаристот Бред Фалчук, за кого се омажи во септември. Со нив биле и двете деца на Палтроу од бракот со фронтменот на „Колдплеј“, Епл и Мозес, како и неколку други членови на семејството.

„Тоа беше многу модерен меден месец. Отидовме на Малдиви и имавме еден голем семеен меден месец за Божиќ. Беа мојот нов сопруг со неговите деца, моите деца и бивш сопруг, наши најдобри пријатели. Одлично си поминавме“, кажа Палтроу во ТВ-интервју.

Таа и Мартин пријателски се разделија во 2014 година, по десет години брак.

„На тој начин сакавме да ја намалиме болката на нашите деца. Тие сакаат да седат на иста маса со своите родители и се обидовме да го задржиме тоа“, кажа актерката.