Гвен Стефани е новата Модна икона

Гвен Стефани е новата Модна икона

Гвен Стефани  ја доби наградата Модна икона на People’s Choice Awards.

На свеченоста во Лос Анџелес, 50-годишната пејачка привлекуваше внимание во волуменозна бела креација со црна панделка на грбот од дизајнерката Вера Ванг и црни чизми над колената. Врз фустанот со црни букви беше напишано „Модна икона“.

Гвен е втора личност која досега го има добиено ова признание. Минатата година, таа чест ѝ припадна на Викторија Бекам.

Во својот говор, Гвен рече дека отсекогаш ја сакала модата и дека нејзините мајка и баба шиеле облека. „Моето омилено нешто беше да одам во продавница за материјали со мајка ми и да избирам различни стајлинзи… Ја сакам модата и мислам дека еден од најголемите благослови во целото ова нешто се сите неверојатни, талентирани дизајнери и луѓе кои ме научија на сите работи кои ги знам“ – изјави славната музичка ѕвезда и додаде дека трофејот ќе му го подари на својот 11-годишен син Зума.