Гвардиола задоволен од резултатот но играта треба да се поправи

Гвардиола задоволен од резултатот но играта треба да се поправи

Манчестер Сити во самиот финиш на мечот против Шалке успеа да направи пресврт и да дојде до победа од 3:2.

Манчестер Сити прими два гола од пенал, а од 68-ма минута избраниците на Пеп Гвардиола играа со играч помалку откако Отаменди доби црвен картон. Сепак, на крајот Граѓаните успеаа да дојдат до пресврт и да победат со 3:2, а задоволството не го криеше тренерот Гвардиола.

Затоа ова натпреварување е посебно, поради се што може да ви се случи. Им го подаривме првиот гол, пенал, па им подаривме уште еден, а имаше и црвен картон. На ова ниво, тоа е премногу. Но, резултатот е фантастичен. Сепак, ако сакаме да одиме понатаму, мора да се поправиме – изјави Гвардиола и додаде:

Немам сомнеж во карактерот на својата екипа, но мораме да научиме нешто од ова, затоа што на едно вакво ниво, не смееме да го правиме тоа што го направивме – изјави Гвардиола.