Гвардиола смета дека Реал направил фантастичен потег со трансферот на Азар

Гвардиола смета дека Реал направил фантастичен потег со трансферот на Азар

Тренерот на англискиот шампион Манчестер Сити и поранешен фудбалер и тренер на Барселона, Пеп Гвардиола, смета дека лутиот ривал на Каталонците, Реал Мадрид направил фантастичен потег со ангажманот на Еден Азар.

Белгиецот го напушти Челзи за 100 милиони евра, а обештетувањето може да се зголеми за дополнителни 50 милиони преку клаузули.

Добар договор за Реал. Ова е многу, многу, многу добар играч. Исклучително пополнување. Азар е еден од најкласа фудбалерите што некогаш сум ги видел. Во Ла Лига ќе уживаат да го гледаат – изјави менаџерот на Манчестер Сити.

Азар ќе биде официјално претставен на Сантијаго Бернабеу денес во 20 часот.