Гвардиола:Фудбалот е непредвидлив

Гвардиола:Фудбалот е непредвидлив

Манчестер Сити е елиминиран во четвртфиналето од ЛШ, иако беа на прагот од полуфиналето, среќата и ВАР ситуацијата не ги посака.

Граѓаните постигнаа гол за победа од 5:3, која им беше доволна за полуфинале, но тоа беше офсајд ситуација и голот поништен.

Колатерална штета беше победата и славјето на Сити, односно пирова победа, во полуфинале од Тотенхем.

По мечот, Гвардиола истакна дека голот на Сити требало да биде поништен.

Го поддржавам ВАР, но од еден агол се гледа дека Фернандо Љоренте играше со рака, тоа не го видоа судиите. Што се однесува за нашиот поништен гол, луѓето од горе одлучија дека е офсајд. Промашивме пенал во првиот меч, но горд сум на моите момци. Кога го дадовме последниот гол, вревата од трибини беше досега најсилна откако сум во Манчестер, но фудбалот секогаш е непредвлидлив – констатира Гвардиола.