Gucci преку својата последна колекција го поддржува правото на абортус

Gucci преку својата последна колекција го поддржува правото на абортус

Алесандро Мишел, креативниот директор на модната куќа Gucci, со последната „Cruise“ колекција, недвосмислено го поддржал правото на абортус, за кое овие денови интензивно се расправа во САД.

Мишел изјавил дека новата забрана за абортус во САД го „навела да размислува за тоа како и колку многу треба да ги почитува жените“.

Колекцијата, која вчера им била прикажана на ВИП гостите во римскиот музеј „Capitolini“, содржи пурпурна наметка со испишана порака „My Body My Choice“ и џемпер со датумот 22-ри мај, 1978-ма година – кога абортусот бил легализиран во Италија.

Мишел изјавил дека новата забрана за абортус во САД го „навела да размислува за тоа како и колку многу треба да ги почитува жените“.