Гризман видно разочаран од елиминацијата во ЛШ

Гризман видно разочаран од елиминацијата во ЛШ

Елиминацијата од Лигата на шампионите шокираше многумина во редовите на Атлетико Мадрид, а меѓу нив беше и нивниот најдобар играч, Антоан Гризман.

Французинот по натпреварот истакна дека е разочаран и дека најголемите виновници за поразот се самите фудбалери кои не го повториле натпреварот од Мадрид и тоа им се удрило од глава.

Не одигравме како што сакавме. Не го започнавме натпреварот добро и му дадовме на Јувентус да дише. Жал ни е, се чувствуваме многу виновни. Во првиот натпревар го диктиравме ритамот на игра, сега тоа не се случи. Јуве беа супериорни во секој поглед, нешто слично како што бевме ние на првиот натпревар – заклучи видно разочараниот Гризман.