Гризман наредната сезона дефинитивно ќе игра во Барселона

Гризман наредната сезона дефинитивно ќе игра во Барселона

Откако соопшти дека по крајот на оваа сезона ќе го напушти Атлетико Мадрид, веднаш шпанските медиуми започнаа да шпекулираат околу неговата иднина.

Гризман наскоро го напушта Атлетико Мадрид и ќе биде првото големо засилување на Барселона во летниот преоден рок. Ова синоќа за шпанските медиуми го потврди извршниот директор на Атлетико, Ангел Гил Марин.

Целосно ми е јасно каде Гризман ќе игра следната сезона. Сите тоа го знаеме веќе од март. Неговиот нов клуб е Барселона – изјави Марин.

Барселона ќе го комплетира трансферот на Гризман на 1-ви јули со цел Каталонците да немаат проблеми со финансискиот фер-плеј.