Грижата за здравјето на посетителите е над се за Рамстор Мол

Грижата за здравјето на посетителите е над се за Рамстор Мол

Во пресрет на глобалната пандемија и ширњето на коронавирусот КОВИД – 19, Рамстор Мол направи голема дезинфекција на целиот шопинг центар, вклучувајќи го и маркетот кој е во склоп на трговскиот центар.

Инаку, дезинфекцијата на Рамстор Мол сеодвива секојдневно, при користење на машините за чисиење во кои активно се става средство за дезинфекција како дополнително средство во борба за спречување на ширењето, а за секој посетител има обезбедено дезинфекциони средства за раце поставени на повеќе локации низ шопинг центарот

Грижата за здравјето на посетителите е главен приоритет на Рамстор Мол и во овие моменти директно се вклучува во спречување на ширењето. Оваа постапка е само една од препораките кои се предвидени од мерките на владата, а од Рамстор Мол повикуваат граѓаните целосно да се придржуваат до мерките кои се неопходни за спречување на ширењето на коронавирусот и да се сведе движењето во јавен простор на минимум или само за неопходни потреби.