Наскоро ќе започне снимњето на серијата по мотивите на делото на Џ.Р.Р. Толкин, авторот на „Господар на прстените“ а на неа ќе бидат вложени огромни пари. За снимање на ова остварување е планирано да бидат потрошене дури милијарда долари.
Оваа серија ќе биде најскапа во историјата и ќе ја надмине серијата „Круна“ која чинела 100. милиони долари.
Новата серија на „Амазон“ и „Ворнер“ ќе се бави со случувањата кои претходат на првиот филм од триогијата „Господар на прстените“, „Дружина на прстените“, пишува newshub.
Ќе бидат снимени вкупно пет сезони, а сценариото ќе биде потполно оригинално. Дејствието се потпира на дејствието од остврувањата „Господар на прстените“ и „Хобит“.