Google Maps воведе нова интересна карактеристика

Google Maps воведе нова интересна карактеристика

Апликацијата за навигација Google Maps ја воведе опцијата Incognito со која што се спречува архивирањето податоци врзани за една сметка на Google. Со активирање на оваа опција, автоматски се исклучува историјата на пребарување и локацијата. Ова значи дека додека опцијата е активирана, апликацијата нема да ги користи личните податоци за да персонализира некоја функција.

Ова значи дека додека опцијата е активирана, апликацијата нема да ги користи личните податоци за да персонализира некоја функција.

Опцијата ќе се активира со клик на иконата на корисникот која се наоѓа во горниот десен агол. На почетокот опција ќе биде достапна само за одреден број корисници на Андроид, а со текот на времето ќе стане достапна за сите. Google ја воведе опцијата поради загриженоста на корисниците за нивната приватност и сомнежите дека нивните информации се следат и се користат од страна на компанијата поради целно огласување.

Покрај зголемувањето на приватноста, Google ќе воведе уште една новина, имено корисниците на Андроид и iOS ќе можат да пријават локација на радар и да дадат известувања за сообраќајниот метеж.

Уште една услуга на Google што од почетокот на оваа година го поддржува режимот инкогнито е YouTube. А бидејќи веќе сме на тема YouTube, да споменеме и дека Google ќе додаде уште една нова функција за овој социјален медиум. Компанијата соопшти дека YouTube ќе ја добие функцијата наречена “автоматско бришење на историјата“.

Google веќе претходно ја активираше оваа опција во Google search, Google maps и во Google Acount во мај. Ова им овозможи на корисниците да ја избришат историјата за претходната употреба на соодветната апликација.