Големите благодети на цвеклото, може да излечи 15 болести!

Големите благодети на цвеклото, може да излечи 15 болести!

Црвеното цвекло навистина има зачудувачки лековити својства.

Резултат со слика за цвекло

Вкусно, полезно, здраво, нискокалорично…Цвеклото има богат и разновиден биохемиски состав. Протеините од цвеклото содржат некои од есенцијалните аминокиселини, како и глутаминова киселина, аспарагин и бетаин. Последниот учествува во неутрализиурање на многу отпадни материи и токсини, образувани во процесот на размена на материите или внесени од надвор. При тоа оваа материја преминува во холин, материја која учествува во неутрализирањето на отровните материи.

Резултат со слика за цвекло
Цвеклото има способност да влијае врз процесот на стареење и да го забави, а исто така ги прочистува крвните садови и ја поправа крвната слика.

Овој зеленчук изобилува со витамин Б12 кој учествува во создавањето еритроцити, а јодот кој го содржи помага во борбата со затнатите артерии.

Овој зеленчук е познат уште од времето на Хипокрит и се користел за лекување многу болести, а старите Грци и Римјаните го користеле за намалување на висока температура.

Цвеклото содржи магнезиум, хлор, сапонини, бетаин, флавонодини, јод, цинк, калциум, натриум и природни нитрити. Хлорот во цвеклото има хипоалергено дејство и помага за прочистување на бубрезите, жолчното кесе и лимфата.

Цвеклото има лековито дејство кај 15 болести меѓу кои се: анемија, артериосклероза, хипертензија, дијабетес, помага кај болести на тироидната жлезда, ја подобрува меморијата и сонот, помага во периодот на климакс и го зајакнува имунитетот.

Единствен пропратен ефект е што урината станува црвенкаста при консумирање поголемо количество цвекло, но тоа е безопасно.