Ѓоковиќ успеа да се пласира во осминафиналето на Роџерс купот!

Ѓоковиќ успеа да се пласира во осминафиналето на Роџерс купот!

Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во осминафиналето на Роџерс купот што се игра во Торонто.

Тој во два сета го совлада домашниот тенисер Питер Полански со 2-0 во сетови (6:3 и 6:4 во гемови) и пред дождот да ја прекине програмата избори пласман во следното коло.

Тој во двата сета имаше по еден брејк што му беше доволно за триумф.

Поради повреда на раката (левата) настапот го откажа Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро.

Неговото место ќе го заземе Русинот Михаил Јужњи и ќе игра ротив Робин Хасе.